Од посетата на светата земја - ИЗРАЕЛ

БИБЛИСКИ ПРЕДАНИЈА


 

-Делегација од Република Македонија претстојуваше

во Израел на покана од професор Јули Тамир,

министер во Министерството за иселеничка абсорбција

 

          Да се посети Светата земја значи да се доживее нешто што останува трајно во сеќавањата на посетителот, нешто недоживеано, и библиски и свето и човечко; нешто ново што е карактеристично само за Израел, за еврејскиот народ и за арапскиот свет, а најповеќе за христијаните. Тоа го потврдивме при нашата посета на оваа по многу нешта единствена и карактеристична земја, каде се доживува едно неописиво чувство на чудна мешавина на старото и на новото, на историјата, на Библијата... Таму се чувствува духот на историјата; таму човек се запознава со библиските преданија, со с# она што е поврзано со трите вери на човекот: јудејската, христијанската и муслиманската. Таа е земјата каде се обединија еврејските племиња - Израелците и Јудејците во едно царство на чело со водачот на Јудејците, царот Давид. Тој успеал да ги разбие Филистејците, а Ерусалим – Светиот град да го прогласи за престолнина на државата. Во Ерусалим, царот Соломон, синот и наследникот на Давид го изградил прочуениот Храм посветен на еврејскиот Бог Јехова, од кој храм денес е останат само Ѕидот на плачот, симболот на секојдневната средба на Евреите од целиот свет со својата судбина. Ерусалим е местото од каде што с# почнало и каде с# ќе заврши на Судниот ден. Израел за христијаните е Света земја и местото каде се родил Исус Христос - Синот Божји, кој дошол меѓу луѓето, ги подучувал да се здобијат со добродетелство, да му служат на доброто, а да го избегнуваат злото. Ерусалим е местото каде Исус Христос бил осуден на смрт со распнување на крст, за потоа да воскресне. Таму, во Ерусалим се наоѓа Куполата на Карпата и џамијата Ал – Акса, чие име значи “најдалечниот пат” за што муслиманите веруваат дека по Мека и Медина, Ерусалим е третиот град по значење во исламот, од каде Пророкот Мухамед го примил Коранот.

 

Палестина – ветена земја на Израелците

          Посетата на Израел, а со тоа и на најголем број свети места, беше остварена на покана на министерот на Министерството за иселеничка абсорбција, професор Јули Тамир. Делегацијата од Република Македонија предводена од м-р Мартин Треневски, а во која се наоѓаше и авторот на овој и на наредните текстови, остварија значајни средби и разговори во Министерството, како и со претставници на Агенцијата за иселеништво на Израел, “СУХНУТ”, Музејот за дијаспора и Музејот за холокаустот на Евреите “Јад Вашем”. Исто така, делегацијата посети бројни свети места, значајни културно – историски и други споменици кои оставаат длабоки траги кај посетителот. А желбата на секој дојденец, верник, намерник или случајник е повторно да ја посети Ветената земја за поубаво да се доживее и да се почувствува с# она што го оставила историјата на човекот. А, таму во Израел има што да се види, научи, да се доживее, да се прошират видиците, сознанијата, духот и духовното живеење.Таму човек се чувствува повозвишен и е позначаен како човечко битие. Таму луѓето зборуваат различни јазици: од еврејски и англиски до руски и шпански, но нивните срца и чувства се едни исти – израелски. Таму се отвораат сите сетила и секој кој ќе дојде во Израел, се труди што повеќе да види, да научи, да почувствува, да запамети како сознание, да го доживее с# она што се случувало со векови пред и по христијанството, како и во сегашноста на прагот на третиот милениум.

          Според библиските преданија Израел, значи човек кој се бори со Бога. Тоа е име што му го дал ангелот на Јаков, непосредно пред состанувањето со брат му Исав, на крајот од тешката ноќна борба со непознатото битие. Неговите дванаесет синови се зачетници на дванаесетте племиња израелски; а изразот “синови израелски” ги означува сите Евреи. Првиот израелски цар бил Саул. По него дошол далеку помоќниот Давид, кого го наследил син му Соломон. По неговата смрт царството се распаѓа на Јужно – Јудеја и Северно – Израел. Израел било поголемото и помоќното царство составено од десет племиња со двојно поголемо население од Јудиното царство и имало три пати повеќе земја и обработлива почва. Земјата се збогатила преку трговија зашто низ неа минувале значајни трговски патишта. Таквата состојба траела околу 200 години, с# до освојувањето на Асирците во 721 година пред Исус Христос, кога племињата биле раселени низ Сирија и Северното царство. Ова Израелско царство никогаш повеќе не се обновило под истото име с# до 1948 година, кога се појавила втората држава, денешната Израел.

 

Историски развој на Израел

        Инаку, Израел или на еврејски Мединат Исраел, е еврејска држава во Палестина, во Ветената земја на Евреите, во која дошле после ропството во Египет и долгото лутање по пустината. Името, пак, Палестина, на еврејски Ерез Исраел (потекнува од Филистејците) најголемите непријатели на Евреите, го добила своето име од Римјаните. Сите настани во Светото Писмо (Библијата) се случувале токму во Палестина, која секогаш е третирана како родна земја на Евреите.

        Зборот Евреи, на еврејски Иврим има неколку значења. Едно од значењата е: дојденци, оние кои дошле од друга земја, име со кое другите народи ги нарекуваат Израелците. Аврам се нарекувал Евреин, а Мојсеј добил заповед на фараонот да му предаде порака од “еврејскиот Бог”. Во Новиот Завет, во Делата Апостолски со името Евреи се нарекувале палестинските христијани, кои зборувале еврејски или арамејски. Не постои израз “еврејски” или “еврејски јазик” како ознака на древниот јазик на Евреите во Стариот Завет. Таму древниот еврејски јазик се нарекувал канаански или јудејски јазик. Изразот “еврејски јазик” што се среќава во Новиот Завет се однесува на арамејскиот јазик. Тој јазик во последните векови пред појавата на Исус Христос, го истиснал еврејскиот во богослужењето. Другото значење за името Евреите, ја означува семитската група племиња кои дошле во Арабија и се населиле во Канаан. Тие живееле како одвоени групи до околу 1000 години пред Исус Христос кога опасноста од Филистејците ги принудила да се здружат под заедничкиот цар Саул. За време на владеењето на Давид и Соломон, Евреите доживеале најголем напредок, но по смртта на Соломон се поделиле во две независни царства – Израел и Јудеја. Израел потпаднал под Асирците во 721 година пред Исус Христос, а, пак, Јудеја во 586 година пред Исус Христос.

               За Евреите се знае дека се еден од најстарите народи во светот. Тие првобитно живееле племенски, биле древни сточарски племиња кои од Арабија се спуштиле во Палестина во ЏИИ-ЏИИ век п.н.е. Поради недоволната плодност на земјиштето и гладот, овие племиња се преселиле во Северен Египет, но таму тие подпаднале под таканареченото “Египетско ропство”. Затоа, за да се ослободат од ропството по подолго време, пак се вратиле во Палестина. Меѓутоа, со тек на времето во нивната непосредна близина се населиле Филистејците, кои ги напаѓале областите населени со Евреи. Овие борби го забрзале обединувањето на еврејските племиња Израелци и Јудејци во едно царство на чело со еден од водачите на Јудејците, царот Давид. Тоа станало околу 1000 година пред Христа кога Давид успеал да ги разбие Филистејците, а градот Ерусалим да го прогласи за престолнина на државата.

               Преданијата за Светиот храм говорат дека за време на патувањето низ пустината, Евреите имале подвижно светилиште, Шаторот или Скинијата на Заветот, во кој бил Ковчегот на Заветот и облакот кој го означувал Божјото присуство. Давид сакал да му подигне Храм на Бога, но заради неговите гревови не го сторил тоа, туку му ја препуштил задачата на Соломон. Тој го изградил храмот околу 950 година пред Исус Христос, меѓутоа Вавилонците го срушиле во 586 година пред Исус Христос. Вториот храм е изграден во периодот меѓу 520 и 516 година пред Исус Христос со големи напори на пророците Агеј и Захарија. Ирод Велики го подигнал третиот храм во 19 година пред Исус Христос, но Римјаните го срушиле во 70 година по Исус Христос и до денес се останати рушевините од него – т.н. “Ѕид на плачот”. Храмот бил единствено место каде Евреите можеле да ги принесуваат жртвите. Тој бил верски центар за сите Евреи. По разорувањето на последниот храм, како места за богослужење се користат синагогите.

               По смртта на Соломон, од единственото царство се отцепила северната област која се организирала во посебно царство – Израел. Израел водел чести војни со соседната држава на Асирците. Во 722 година пред Христа. Асирците го освоиле Израел, така што потпаднал под Асириско ропство, додека Јудејското царство опстанало уште околу стотина години како самостојно. Меѓутоа, вавилонскиот цар Навуходоносор, во 586 година пред Христа, ја освоил Јудеја, со што и двете еврејски држави ја изгубиле својата независност. Тогаш бил срушен Царскиот двор, бил спален прекрасниот Храм на Богот Јехова во Ерусалим, додека Јудејците биле протерани во таканареченото  “Вавилонското ропство” т.е. во Месопотамија. Тоа било првото еврејско раселување во светот таканаречената дијаспора. Меѓутоа, поголемиот број Евреи се вратиле од “Вавилонско ропство” после педесетина години. Сепак тие и тогаш не биле слободни, туку во период од околу двесте години морале да ја признаваат туѓинската власт.

            Овој историски развој на Евреите детално се прикажува во Библијата, при што историските настани се испреплетени со религиозни преданија. Имено, во Библијата пишува за родоначалникот на Евреите, Авраам, кој на чело на 12 еврејски племиња од Арапската Пустина ги одвел во Палестина – земја во која “тече мед и млеко”. На враќање од Египет во “земјата на татковците” како водач на Евреите се споменува Мојсеј, познат и по тоа што на несложните еврејски племиња им ги предал “Десетте божји заповеди” во кои биле точно определени обврските на Евреите кон единствениот бог Јехова.

               Во таквите, бурни, немирни времиња за Евреите – нивното паѓање под разни ропства, борбата за опстанок, преселувањата, кај нив се родила една цврста вера во еден бог Јехова, чиј избран народ биле токму тие – Евреите.