Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ

 

Монографско дело насловено „Гојко – еден живот, една вистина“ од Славе Катин и д-р Маја Мишковска е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски

Тој е познат политички емигрант кој долги години живееше во Германија, во градот Берлин.  Неговото име е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња и децениски потврдено во македонската заедница во Берлин, Германија и пошироко. Гојко е борец за самостојна, независна и обединета етничка Македонија и за обединување на македонскиот народ.

Монографијата „Гојко – еден живот, една вистина“ е посветена на херојот Гоце Македонски, кој се залага за афирмација на етничка Македонија и етничко обединување. Таквата угледна бизнис личност, вљубеник во македонскиот народот насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации.

Треба да се истакне дека не е лесно и едноставно да се пишува за луѓе кои инспирираат, кои задолжуваат и кои заветуваат, за луѓе кои оставаат неизбришливи траги со животот и со своите дела, кај современиците и кај поколенијата што доаѓаат. Таков е случајот со Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски Македонец од Македонија, од Зубовце, Гостиварско, од Берлин, од целиот демократски свет.

Со монографијата „Гојко – еден живот, една вистина“ се прави обид  да се фрли светлина врз неговиот животен пат. Трудот е компониран во повеќе поглавја, во кои секој дел има по повеќе делови, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина.

Гојко Делчев Рафкин е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија. Тој е без сомнение еден од економски успешните Македонци во светот. Иако подолго време живееше во Берлин, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Гојко е Македонец по националност и православен христијанин по вера.

Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име и вистина. Гоце Македонски е бранителот и афирматорот на историјата на етничка Македонија и честа на македонскиот народ во светот.

Инаку, основоположникот на голем број македонски организации во европските земји, познатиот и признат патриот, кој се одреди Македонија да му биде негова цел и иднина, а за тоа и страдалник - Драган Богдановски, му беше близок пријател и соборец на  Гојко Јаковлески. Тие заедно соработуваа за иднината на Македонија и се формирачите на Демократската партија за македонско народно единство, денес како ВМРО-ДОМНЕ.

Животната приказна за Гојко започнала во убавата гостиварско село Зубовце на 20 февруари 1935 година. Зубовце e населба сместена во подножјето на Шар Планина, меѓу селата Дебреше (на југ) и Врапчиште (на север), од каде тој одамна замина, но никогаш не ги заборави својот роден праг и својата Македонија. Напротив, се врати со љубов и почит кон Македонија, каде што го влечат корените и носталгијата.

Често се вели дека македонското долго опстојување како да наликува на долга, ретка и, речиси, неверојатна приказна, сместена во аналите на посебноста и бесмртноста. Ретки се примерите во историјата не само во Полог, туку и во цела етничка Македонија за такво истрајување на еден народ кој поминал низ такви турбулентни амплитуди низ вековите, како што е примерот на зубовчани.

Гојко Делчев Рафкин насекаде го истакнува своето македонско потекло и македонски корени, и правејќи го тоа со огромна љубов, и непрекината верност кон татковината. Тој го прави тоа за својата најубава библиска земја на Балканот, во јужните поли на европскиот континент, Македонија

Треба да се истакне дека не е лесно и едноставно да се пишува за луѓе кои инспирираат, кои задолжуваат и кои заветуваат, за луѓе кои оставаат неизбришливи траги со животот и со своите дела, кај современиците и кај поколенијата што доаѓаат. Таков е случајот со Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски Македонец од Македонија, од Гостиварско, од Берлин, од целиот демократски свет.

Со монографијата „Гојко – еден живот, една вистина“ се прави обид да се фрли светлина врз неговиот животен пат. Трудот е компониран во дванаесет поглавја, како дванаесет апостоли, во кои секој дел има по повеќе делови, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина.        

Делото е вистински придонес за афирмација на минатото, сегашноста и иднината на неговата родна земја - Македонија, втората татковина Германија и новата дестинација Шпанија, кои се претставени на македонски, англиски и германски јазик. 

Со тоа авторите се потрудија делото  „Гојко – еден живот, една вистина“ да биде огледало на неговиот животен пат, неговите големи деловни постигнувања, судбината, минатото, сегашноста и иднината, дел од неговите лични и семејни постигнување, како и дел од неговата иднина во рамките на македонската бизнис, општествено-политичка и културна историја.

Монографијата претставува вечно дело на големиот македонски патриот, човекољубец, бизнисмен, донатор и поборник за светла иднина на етничка Македонија, Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски, кој оваа година го слави својот 85-ти роденден на својот бурен живот.

 


 
Славе Николовски-Катин