Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   
 

ПОЕТСКИОТ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ

   Веќе децении Македонците, нашите собраќа и сестри од Австралија, Америка, Канада и Европа презентираат стихови со кои длабоко ја изразуваат својата духовност – тагата и љубовта, надежите и верувањата, желбите и сеќавањата, испреплетени со новото во животните крстопати и со она што ја следи нивната судбина во далечните простори.

   Пеат за толку многу вистини. Пеат и за убавите нешта во животот. Пишуваат за љубовта, за своите најблиски, за младоста, за новите утра, за една поинаква судбина и стварност. Живеат денес македонски творци во Торонто, во Чикаго, Сиднеј, Мелбурн, Перт, Детроит, Келн, Њу Џерси, Дизелдорф, Малме, Гетерборг, Вулунгонг... Ги има на сите страни од светските дијагонали.

   Во оваа книга што трпеливо стих по стих ја собираа, обликуваа добрите познавачи на македонските иселеници Фиданка Танаскова и Славе Николовски - Катин, навистина е сторено најповеќе можното и така на наше задоволство го добиваме овој зборник поезија насловена прекрасно „Поетски иселенички меридијани“. Книгата што заслужува да биде широко прифатена бидејќи е прв труд од ваков вид, во кој на едно место се собрани стихови на сто и педесетина Македонци – творци од Австралија, САД, Канада и Европа, од кои авторите успеаја да дојдат во нивното повеќегодишно трагање.

   Со тоа се заокружува богат иселенички поетски и творечки опус кој по своите пораки и општочовечки релации е спој на едно минато и една сегашност, своевиден јазик на универзалноста.

                                                          Д-р Димитар Керамичиев,
                     Претседател на Матицата на иселениците од Македонија