![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]() ![]() ВОВЕД
Компјутерот стана прифатлива и потребна електронска машина на секое семејство и на секој поединец. Тој влезе во домовите, училиштата, факултетите, фирмите, институциите и во бизнисот, почнувајќи од детските игри до комплицираните програми и комуникацијата преку Интернет. Притоа, обичниот граѓанин, научните и културните работници, студентите, луѓето од администрацијата, трговците, менаџерите и пензионерите веќе се служат со оваа "чудесна играчка". Тоа го овозможува особено англискиот јазик на кој е изразена речиси целата компјутерска технологија. Таквата комуникација, меѓутоа, бара одредено познавање на англискиот јазик и на компјутерската технологија.
Во сите земји во светот се печатат посебни двојазични стручно научни речници и лексикони од многубројни и различни дисциплини. Во нашата земја има голем број вакви помагала од различни области, но сепак недостига еден вид речник кој ќе ја олесни работата, пред се, во следењето и користењето на компјутерскиот информативен фонд, кој речиси е исклучиво на англиски јазик. Публикацијата Водич
низ компјутерската
терминологија треба да пополни една празнина во нашиот живот и, со својот скромен, но значаен фонд на зборови на англиски и на македонски јазик, го прави компјутерот достапен за сите слоеви на населението.
Во една ваква верзија Водичот
низ компјутерската
терминологија има функција на основно помагало и упатство во разјаснувањето на бројни термини, кои се врзани со компјутерската планетарна шема. Преку својот фонд на зборови на англиски јазик (над три илјади) а преточени преку толковното објаснување на македонски литературен јазик, корисниците имаат во своите раце помагало кое ќе ги воведе во богатата ризница на компјутерската терминологија. Исто така, се очекува овој толковен речник да мотивира голем круг вљубеници на компјутерот да ги прошират своите хоризонти, но и ќе придонесе македонскиот јазик да се вклучи во бројното светско компјутерско семејство.
При составувањето на речникот е користена и обемна стручна и научна литература на англиски, германски, руски, српски, бугарски, хрватски и македонски јазик, која придонесе Водичот
низ компјутерската
терминологијада биде збогатен со бројни изрази, термини, зборови...
Авторите на ова скромно издание ја изразуваат својата благодарност на сите поединци, организации и други кои го помогнаа неговото појавување во нашата средина. Исто така, авторите изразуваат благодарност на бројни научни и стручни работници, колеги и пријатели кои придонесоа за подобрување на формата и содржината на оваа публикација. Авторите |