Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   
 

 ВИСТИНАТА ЗА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ ОД ТОРОНТО

Книгата е документ за потеклото, животот и судбината на семејството Јановци, во Македонија и во Канада. Таа опфаќа три генерации: постарата (родителите), средната (браќата) и најмладата (нивните потомци). Монографијата, главно, е наменета за идните нивни генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат во Канада, со цел да не ги заборават сопствените корени. Затоа овде се опфатени два века, целиот дваесетти и почетокот на дваесет и првиот век и историјата на семејството Јановци со дадените координати во просторот и времето што таа го опфаќа.

          Извори на податоците за книгата се браќата Петре, Марко и Васил, нивните роднини и пријатели, особено нивниот роднина Алексо Јановски, како и бројната историска литература.

          Можеби оваа книга, кога ќе дојде во рацете на идните канадски потомци на Јановци, ќе го поттикне нивниот интерес за племето стројни и горди Македонци растурени по светот.

          Можеби таа ќе ги мотивира и ќе ги стимулира тие да дојдат во Македонија, да застанат за миг пред портите на убавите куќи на нивните предци во Велушина, но и да се подразмислат за вистинското значење на една порака на старите Римјани: каде што ми е убаво, таму ми е татковината.

Славе Николовски - Катин