Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   
 

ЗНАЧАЈНО ДЕЛО ЗА ФОЛКЛОРИСТИТЕ “ТОМОВ”

Монографија “Томов” од Славе Катин претставува огледало за познатиот и признат фолклорист, етнолог, кореограф, скулптор, или како често го нарекуваат амбасадор на македонската култура, традициите и вистината за Македонија и македонскиот народ – Ѓорѓи (Џорџ) Томов. Оваа значајна и по многу нешта единствена двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ и за вистината за неговиот американскиот ансамблот “Томов” од Њујорк,. Монографијата е сублимат за дваесетгодишниот труд на околу 250 Американци, кои го афирмираат македонскиот и балканскиот фолклор, македонската култура, традициите и вистината за Македонија во САД.

      Во исто време монографијата “Томов” претставува овековечување на Фолклорното друштво “Гоце Делчев” што е во состам на Македонската православна црква “Св. Кирил и Методиј” од Сидер Гроув, Њу Џерси, потоа на другите македонски асоцијации, на огромен број личности од македонските колонии, како и на значајни настани и активности на полето на фолклорот, културата и постигнувањата на национален план на Македонците во Канада и САД.

     Монографијата “Томов” од Славе Катин претставува луксузно издание на 320 страници на голем формат, илустрирано со бројни фотографии од кои најголем дел се во боја. Во неа се среќаваат фотографии од времето кога Џорџ Томов бил дете во Струмица, потоа играорец на националните ансамбли “Танец” од Скопје и “Ладо” од Загреб, до фотографии од многубројните настапи на ансамблот “Томов” и друштвото “Гоце Делчев” во САД, Канада и Европа.

Вера Стојчевска – Антиќ