![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]() Свеста за себе и за творење се основни карактеристики како на поединецот индивидуално, така и на човечкиот род како целина. Најзначајни иновации на луѓето, како основа за формирање на историјата Најзначајна одлика на човечкиот род е свеста (индивидуална и колективна) која има универзално значење во сите духовни активности. Затоа феноменот на свеста е еден од најстарите проблеми и централна тема на расправите од самиот почеток на филозофските мисли на Исток и Запад, кој до денес се третира низ разни митолошки, мистични и филозофски системи. Првиот научен обид за објаснување на феноменот на свеста (како најкомплексна мозочна функција) е даден од страна на Обединетите нации, каде последната деценија на XX век се означува како деценија токму на истражувањата на мозокот и свеста. Публикацијата е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации. Покрај тоа, таа е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања да им претстави слика за праисториските случувања сочувани во митологијата и лингвистиката. Поединечната обработка на ономастиката услови и делумно повторување заради честопати испреплетената материја. Авторите
|