![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]() ИСЕЛЕНИЧКА ВРТЕЛЕШКА Во рамките на
моите патувања ширум светот, имам објавено многубројни текстови и публикации
за македонските иселеници во САД, Канада, Австралија, Европа. Притоа, покрај
разговорите за нивната животна голгота, не беа заобиколени ни типичните
интимни прашања и проблеми. Карактеристична е нивната генетска поврзаност со
семејството. Потврда за тоа е оваа книга под наслов “Иселеничка вртелешка”,
која содржи 20 исповеди на наши луѓе од разни возрасти, со различен
социјален статус, без оглед во кој дел од светот живеат, а кај кои не
згаснува нивната љубов кон родната земја Македонија. Тоа значи дека
македонскиот човек се судрува со фактот дека во дијаспората главен проблем
не е само голиот опстанок туку и изборот на животниот сопатник, односно
формирањето семејство, што за секој Македонец е света работа, за што се
поднесуваат и големи жртви.
|