Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   
 

     Успешните Македонци во дијаспо­рата, чиј број е голем, му даваат своевиден белег на македонскиот печалбарски феномен и на општествата во кои се интегрирале. Еден од таквите Македонци кој цел живот талка по светот секако е, мојот другар од детството, почитуван соработник, колега и пријател Бошко Рајчовски - Пелистерски од преспанското печалбарско село Љубојно. Тој во лето живее во Детроит и Љубојно, а во зима на Флорида. Бошко и неговото семејство минале низ сите фази на македонското распетие во целиот дваесетти век и почетокот на овој век, исполнет со настани типични за вековната борба на Македонецот, не само во неговата стара татковина, туку и во втората татковина – САД. Меѓутоа, тој остана доследен на својата вековна македонска национална припадност - на своите корени, а во исто време стана приврзаник и почитувач на втората татковина- Америка (САД).
          Обидот да напишам монографија за Бошко Рајчовски -Пелистерски, во мојата истражувачка работа за македонското исе­леништво, претставува значајно пости­гнување на тој сложен пат. А животната приказна на љубојнчанецот во Детроит и Флорида, заедно со семејството Рајчовски се потпира на фактографијата која извира од животниот опус на тие наши луѓе со кои се гордее нивната стара татковина – Република Македонија.
          Не случајно, Бошко Рајчовски, гордоста на мајката Сандра и таткото Мијал, го носи презимето кое во себе го содржи зборот - Рај. Токму така, Бошко Рајчовски - Пелистерски е извонреден родољуб, роднокраен вљубеник, докажан активист, истакнато поетско и новинарско име... Книгата како траен документ, како вистинско сведоштво го овековечува богатиот личен и семеен летопис на ова познато и признато семејство чии корени се од Љубојно, а кое се раширило во САД. 

Славе Николовски – Катин

ВОВЕД

          По мојот повеќегодишен ангажман во проучувањето на македон­ското иселеништво, кој ми овозможи да објавам голем број трудови од оваа област, последниве години моето внимание с# повеќе го преоку­пираат успешните Македонци во дијаспората, чиј број не е мал. Зашто тие му даваат своевиден белег на овој стар македонски печалбарски феномен. И не само заради спецификите на миграционите движења во светот, особено во минатиот век, туку поради фактот што Македонците, неза­висно на кои светски меридијани ќе се најдат, отфрлени од вековната македонска голгота, му даваат посебен белег на општествата во кои се интегрирале.

          Еден од таквите Македонци кој цел живталка по светот е, секако, мојот почитуван другар од детството, соработник и пријател Бошко Рајчовски-Пелистерски од преспанското прчалбарско село Љубојно. Тој македонски иселеник во САД, во државатаМичиген. Бошко и неговото семејство минале низ сите фази на македонското распетие во целиот дваесетти век, исполнет со настани типични за вековната борба на Македонецот, не само во неговата стара татковина, туку и на сите светски иселенички меридијани. Тој остана доследен на својата вековна македонска национална припадност, на своите корени, а во исто време приврзаник и почитувач на втората татковина- Америка.

          Анализата на неговиот бурен животен пат, токму од многубројните причини и последици, ни го открива неговиот свет во планетарни размери. Притоа, покажувајќи и потврдувајќи дека потомците на Александар Македонски, независно од нивните родокрајни коти, се дел на една од најстарите светски цивилизации, чии трајни вредности ги вградуваат во сите делови на нашата галаксија, по кои светот и не препознава.

          Поаѓајќи од овој факт, историјата на било кое македонско успешно семејство во дијаспората, фактички е историја на нашето вековно цивилизациско битисување, не само на Балканот и во Европа, туку и на сите други континенти. Затоа, обидот да напишам монографија за Бошко Рајчовски-Пелистерски, во мојата истражувачка работа за македонското иселеништво, претставува значајно постигнување на тој сложен пат. А животната приказна на љубанецот во Детроит се потпира на фактографија која извира од животниот опус на тие наши луѓе со кои се гордее нивната стара татковина – Република Македонија. Стариот крај, како често нашенците милуваат да качат, кој, и покрај сите проблеми што денес ги има, успешно чекори кон својата демократска преобразба, во рамките на европските и светските интеграциони процеси.

          Книгава е монографија за Бошко Рајчовски-Пелистерски, од семејството на Рачовци, кое од втората декада на минатиот век живее и работи во Соединетите Американски Држави, во главниот град на државата Мичиген– Детроит. Целосна претстава за него може да се добие само под еден услов: ако низ проекцијата за Рајчовци се прекрши родното огниште Љубојно, Преспанско како негов атар и Македонија како Татковина. Така историјата за нив ќе биде комплетна, особено за оние во чии раце ќе се најде оваа книга. Тоа се американските пријатели на Бошко и неговите нови генерации, но, и оние во Татковината, кои него го знаат и паметат по неговите средби, илинденски успеси, веселби,реќни мигови доживеани особено во летниот период.

           Не случајно, Бошко љубојнчанецот, гордоста на мајката Сандра и таткото Мијал, го носи презимето кое во себе го содржи зборот - Рај. Токму така, Бошко Рајчовски, Пелистерски, е извонреден родољуб, роднокраен вљубеник, докажан активист, истакнато поетско и новинарско име, кому му се посветени страниците на оваа монографија. Книгата како траен документариум, како трајно сведоштво го овековечува богатиот личен и семеен летопис на овој познат нашинец, кому корените му се од Љубојно, младост младува и са замомчува во еријата Преспанска и делумно во Битола, но животот натаму му се одвива преселнички, детроитски, американски.
                                           
Јосив Грежловски-Гандето
 
МОНОГРАФИЈА ЗА БОШКО РАЈЧОВСКИ – ПЕЛИСТЕРСКИ

          Во издание на реномираната издавачка куќа “Македонска искра” од Скопје, а како дел од печатарската активност на “Киро Дандаро” од Битола, излезе од печат монографијата “Бошко Рајчовски - Пелистерски”. Автор на ова дело е Славе Николовски-Катин, кој е познат на македонската и меѓународната културна и научна јавност со своите бројни публицистички, новинарски, автобиографски и научни трудови посветени, главно на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со културата, литературата, јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата.

          За ова многу темелно биографско луксузно дело во боја кое содржи над 250 страници, рецензенти се: Амбасадорот на УНЕСКО м-р Јордан Плевнеш од Скопје, Примариурс д-р Иван Апостолов од Флорида и Проф. Синиша Ристевски, македонски свештеник од Детроит, додека преводот од македонски на англиски е на Соња Прус.

          Ова значајно автобиографско дело, за прв пат печатено двојазично - на македонски и на англиски јазик, всушност, е огледало на вистината за иселеникот, поетот, општестевникот, новинарот и патриотот Бошко Рајчовски-Пелистерски. Тоа е значајно постигнување на Славе Катин во неговата истражувачка работа за македонското иселеништво. А, животната приказна за љубанчанецот од Детроит и Флорида, заедно со семејството Рајчовски се потпира на фактографијата која извира од животниот опус на Македонците во дијаспората со кои се гордее нивната стара татковина – Република Македонија.

          Монографијата за Бошко Рајчовски е летопис за мошне големото семејство Рајчовски. Најголемиот број од фамилиите од сојот Рајчовски од втората декада на минатиот век претежно живеат и работат во Соединетите Американски Држави, особено во најголемиот град на државата Мичиген – Детроит. А Бошко кој во зима живее во Флорида, другиот периот во Детроит, во лето доаѓа во Македонија, во Преспа, во Љубојно. Тој е извонреден родољуб, роднокраен вљубеник, докажан активист, истакнато поетско и новинарско перо, патриот и вљубеник во Македонија. Затоа, со право може да се рече дека ова дело на Славе Катин е траен документ и вистинско сведоштво кое го овековечува богатиот личен и семен летопис на познатото и признато семејство чии корени се од Љубојно-Песпа, а кои се рашириле и во САД.

          Монографијата е посветена на 50 годишното литературно творештво на Бошко Рајчовски-Пелистерски. Ова дело од Славе Катин е поделена на 5 глави (чаптери) во кои се третира родната земја Македонија, втората татковина – САД, активностите на Бошко на поетски и новинарски план, како и лозата на семејството Рајчовски. Посебен простор во книгата е посветен на корените на семејстворо Рајчовски, на неговот родно Љубојно – Преспа, на САД, на македонски радиочас “Оро македонско” од Детроит, на неговот литературно творештво и неговите три стихозбирки, како и на вистината и корените на големиот сој Рајчовски.

          Делото “Бошко Рајчовски-Пелистерски” е поткрепено со огромен број факти, цитати и докази, кои фрлаат светлина врз историскиот развој не само на поетскиот и немирен дух на Бошко, туку и на македонскиот народ од Преспа, од Детроит…. Делото е од огромно значење од монографски аспек. Тоа претставува интересно четиво и сончева светлина за оние кои сакаат изворно да се запознаат со животната приказна на иселеникот Бошко Пелистерски, на Љубојно, Преспа, Македонија, САД. Особено значење монографијата има во расветлување на вистината и судбината на поетот Бошко и неговот големо семејство Рајчовци.

          Монографијата за Бошко Рајчовски Пелистерски од авторот Славе Катин ќе биде промовирана на јубилејните 35-ти “Љубански илинденски иселенички средби” што ќе се одржат на 1-ви и 2-ри август 2008 година во Љубојно. Промовирањето на ова значајно и по многу нешта единствено дело ќе биде дел од културното иселеничко збиднување во текот на илинденските празнувања во Преспа и Македонија.

 Фиданка Танаскова

БОШКОРАЈЧОВСКИ - ПЕЛИСТЕРСКИ

                 Господинот Бшско Рајчовски прв пат го запознав на Иселеничките средби во село Одри – Тетовско, во 2007година. Потоа кога дојдов како нов парохиски свештеник во Детроит, покрај разговорите што ги водевме за нашата држава, Република Македонија, состојбите во неа и како да се инвестира, Тој низ тие разговори ми предложи да ја проЧитам неговата книга која е напишана од господинот Славе Катин за него и за неговото прекрасно село Љубојно. Читајки ја монографијата прво уште повеке се запознав со господинот Бошко,за неговите активности и за афирмација на неговото село Лјубојно. Од тоа навистина се покажа што, всушност, тој правел за афирмација на неговат прва татковина, Република Македонија. Иако сум со доста краток стаж тука во Детроит, сепак со право ке кажам дека и тука преку неговиот радио час и преку другите активности што ги прави се покажува колку во своето срце ја носи и ја чувствува неговата земја Република Македонија. Кога ми предложи да бидам рецензент на оваа книга јас се зафатив, бидејки навистина сакав да се запознам повеке со тој преубав преспански-македонски крај, со тој прекрасен народ, неговите обичаи, а и со господинот Бошко Рајчовски. Како нов парохиски свештеник тука во Детроит и како духовен отец на овој прекрасен народ, најпрво сум многу позитивно изненаден за грижата за својата земја, Република Македонија, бидејки постојано се будни за сите случувања во неа. Еден од тие луге е господинот Бошко Рајчовски кој постојано работи и се грижи за доброто на нашата татковина - Република Македионија.

Свештеник - професор Синиша Ристовски
 
 INTRODUCTION
 
            The successful Macedonians in the Diaspora, whose number is great, have left a peculiar imprint on the Macedonian emigration phenomenon and on the societies into which they have integrated. One of such Macedonians who has been traveling around the world for all his life is Boshko Rajchovski-Pelisterski, my esteemed playmate from childhood, associate, colleague and, certainly, a friend, born in the Prespa emigrational village of Ljubojno. In summer, he lives in Detroit and in Ljubojno, while in winter he lives in Florida. Boshko and his family have gone through each stage of the Macedonian crucifixion of the entire 19th century and of the beginning of this century that has been overtaken by events typical for the centuries-old fight of any Macedonian, not only in his old fatherland, but also in the second one – the United States of America. However, he has remained consistent with his centuries-old Macedonian national belonging and he has remained consistent with his roots becoming at the same time a supporter and admirer of his second homeland – America (the USA).
            The effort to write a monograph on Boshko Rajchovski-Pelisterski is a significant achievement within my research work related to the Macedonian emigrants. And the story Boshko, born in Ljubojno, about his life in Detroit and Florida, together with the family of Rajchovski, is based on the facts that originate from the life opus of those people of ours whom the Republic of Macedonia, i.e. their former homeland, is so proud of.     
            The monograph on Rajchovski-Pelisterski is in fact a mirror of the very large family of the Rajchovski. Starting from the second decade of the previous century, the major part of the Rajchovski family have been living and working mainly in Detroit the largest city in Michigan.  
            It is not by a pure chance that Boshko Rajchovski, his parents’ pride and joy, has got a last name which contains the word ‘raj’ (meaning ‘paradise’ in Macedonian). That’s for sure since Boshko Rajchovski-Pelisterski is an exceptional patriot, lover of his birth place, trusted activist, prominent name in poetry and journalism. This book, being a lasting documentary and clear evidence, immortalizes the opulent annals of this well-known and recognized family on a personal and family level that has its roots in Ljubojno and has spread throughout the U.S.A. 
 
Slave Nikoloski - Katin