Пораката на светиот апостол Павле - помнете ги вашите наставници, што ви
го проповедаа Словото Божјо ... (Евр. 13,7), нашла и има вистинско место
меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и
сесловенските просветители, браќата од Солун - светите Кирил и Методиј.
Од средината на 9 век па
наваму, овие двајца просветители и учители, свештенослужители и
рамноапостоли, имаат водечко место во духовната историја на македонскиот и
на словенските народи. Како нови апостоли и учители на сите земји во коишто
огрееја на земјата како сонце со вистинска вера и убавина... го просветија и
нашиот народ и нема да се посрамиме споредувајќи ги сите нивни добри дела и
подвизи со оние на Божјите угодници.
Годинава, по 40- ти пат,
Македонската црковно- државна делегација ќе се поклони на гробот на свети
Кирил во Рим, д на свети Методиј ќе му се даде заслужна почит во Елванген -
Германија, местото каде што темнувал повозрасниот брат Исто така,
претставници на МПЦ и на Министерството за култура при Владата на Р.
Македонија ќе учествуваат на Сесловенското чествување во Русија. Секако,
покрај молитвено во храмовите на МПЦ, во Татковината и меѓу иселените
Македонци по светот, на св. Браќа ќе им се оддаде почит од институциите што
ги носат нивните имиња, од просветните работници, студенти и ученици и од
сите коишто го почитуваат делото нд големите просветители и рамноапостоли,
светите враќа Кирил и Методиј. Од оваа година во Р. Македонија нивниот ден е
прогласен за државен празник.
Архепископ Охридски и Македонски
г.г.Стефан