Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   
 

Во книгата „Во Австралија како дома„ авторот Славе Николовски - Катин ги пренесува неговите творечки преокупации како патописец, портретист, репортер и хроничар на дел од настаните во македонските колонии во Австралија. По структура тие се репортажи, портрети, белешки, разговори, записи. Во исто време, тие се текстови кои како новинарски постигнувања имале кус век на траење во периодиката, меѓутоа тие заслужуваат многу подолг живот, останувајќи како неми сведоци за дејствијата, животот, активностите, видувањата и перцепцијата на репортерот, чија желба е што повеќе да забележи, што посочно да го изрази тоа видување кое треба да покрене интересирање и да остави траги кај читателот.

          По содржина, пак, новинарските текстови во публикацијата „Во Австралија како дома“ обработуваат прашања и проблеми во областа на животот и активностите на македонските доселеници, особено на Македонците од Беломорска Македонија кои живеат и работат во демократска и мултикултурна Австралија, каде, за разлика од својата земја, ги уживаат сите социјални и човекови права. На тие далечни простори на петтиот континент, Македонците постигнуваат забележителни резултати на национален и духовен план во бизнисот, потоа во областа на културата, образованието и социјалниот живот воопшто. Нивните постигнувања на економски, образовен и културен план сé повеќе придонесуваат Македонците на бидат познати и признати од домашниот фактори и од другите етнички групи.

          Сите тие настани и личности се презентирани на еден лесен стил, прифатлив за читателската публика во Македонија и во дијаспората. Притоа се дадени успесите, можностите, потенцијалот и постигнувањата на македонските доселеници, кои се своето културно - духовно, образовно и друго богатство претставуваа значаен дел од мозаикот на многу националната и мултикултурна Австралија.


                                  Христо Андоновски
                        Главен и одговорен уредник на списанието Македонија