![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]() Монографијата “Петар Стаматоф” од Славе Николовски - Катин и внукот на Стаматов проф. Методија Трајковски е само еден аспект од историскиот развој, постигнувањата и животниот пулс на Универзитетот “Св, Кирил и Методиј” од Скопје, Република Македонија. Монографијата е печатена на македонски и на англиски јазик во чест на живото и делото на еден од хуманистите од македонско потекло кој живееше во САД, Петар Стаматов и неговата фондација “Петар Стаматоф”. Петар Стаматов, доблесниот донатор, ја напуштил својата родна земја – Македонија од економски причини, а спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на Петар Стаматов и другите донатори, како и сите Македонци ширум дијаспората, ја открива сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло сместена на балканските простори. Оваа монографијата за Петар Стаматов и неговата Фондација “Петар Стаматоф” од Славе Николовски - Катин и внукот на Стаматов, проф. Методија Трајковски се потпира на фактографија која извира од неговиот животен опус и од големото дело. Книгата е скромна слика за човекот кој поголемиот дел од животот го поминал во Чикаго, САД, и кој направил големо дело со формирањето на неговата Фондација, со цел да им помогне на младите македонски генерации - студенти. Меѓутоа, целосна претстава за него може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште - легендарното Смилево, потоа Битола, каде го поминал своето детство, и неговите две татковини – Македонија и САД. Прод. Д-р Велимир Стојковски |