![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]() ДОБЛЕСНИОТ ПАТРИОТ ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија. Тој е без сомнение еден од економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време живее на Флорида, во Соединетите Американски Држави, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Џорџ Атанасоски е Македонец по националност и православен христијанин по вера. Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име, особено на македонското знаме од Кутлеш (Палатица). Тој е бранителот и афирматорот на историјата на етничка Македонија и честа на македонскиот народ во светот, посебно во Северна Америка. Ова го напиша познатиот публицистот и преведувач Славе Николовски – Катин, човекот кој на македонската и меѓународната културна и научна јавност и‘ е познат по бројните публицистички, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со културата, литературата, јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата. Славе Катин е човекот чиј педесетина дела во педесет годишното творештво постојано биле предмет на анализи и опсервации од голем број науч¬ни, културни и општествени проследувачи, чии оценки и мислења го издигаат во редот на истакнатите по¬з¬навачи од повеќе области, особено на феномен за Македонците во дијаспората. Затоа Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија, меѓу кои, на престижната награда “Крсте Петков Мисирков” на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката. Притоа, бизнисменот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски ќе рече: На авторот Славе Николовски - Катин кој ја подготви мојата монографија на македонски и на англиски јазик и со огромен број оригинални материјали и со историско значење текстови и фотографии, од душа и срце му благодарам. Подготвувањето на моно-графијата, всушност, е скромно претставување на мојата посвете-ност кон бизнисот, кон Македонија и САД, кон мојот Прилеп и Флорида. Таа е израз на досегашната работа и живот во период од шеесетина години, во кој се потрудив, во границите на моите можности и способности да исполнам дел од заклетвата дадена за Македонија.. Морам да признам дека ова дело за авторот Славе Катин беше голем предизвик. Тоа бара широки познавања, умешност, трпение и заедничко време поминато со мене и со моите соработници да се обликува овој заеднички труд. Меѓутоа, сакам да потенцирам дека сé што е презентирано има позитивен карактер, а се однесува на мојата личност, живот, бизнис, постигнувања... Моето дело монографијата „Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски“ е заедничко со мојот македонски народ во Македонија и иселениците во дијаспората, како и со мојот брат Јосиф, со моето семејство и голем број соработници и други од Бога дарувани личности со кои го создадовме бизнисот и сме мост меѓу Македонија и САД во текот на четири децениското работење, другарување, создавање и заедничко живеење во дијаспората. Затоа, на нашиот значаен творец на голем број трудови од оваа област Славе Николовски - Катин со најискрени братољубиви чувства и со најдлабока почит, му посакуваме да го следи Божјиот благослов со добро здравје во сите денови од неговиот живот, а Господ да му дарува многу децениско до¬л¬го¬ле¬тие и создавање на уште вакви и слични значајни моногравски дела. Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ |