Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   
 

            Книгата "Македонскиот иселенички печат" од Славе Николовски - Катин е резултат на неговата долгогодишна истражувачка работа во областа на печатот и новинарството и достигнувањата на македонските иселеници во прекуокеанските земји - Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави, како и во голем број европски земји. .Таа е подготвена со цел да пополни празнината во областа на печатот на Македонците надвор од нивната татковина, за периодот од 1945 година, односно од конституирањето на НР Македонија од 1992 година, времето кога Македонија стана самостојна суверена и независна држава.  Оваа книга има исто така за цел да биде помош за новинари, културни, историски, политички, научни и други работници кои можат да  најдат голем број податоци во врска со активностите, ентузијазмот и достигнувањата на полето на новинарството на македонски иселеници во новата средини.

          Весниците во голем број случи го носат името "Македонија", кое јасно говори за нивната силна врска со нивната дедовска земја, додека одреден број гласила носат името на историски настан или личности од старата татковина. Така, под името "Македонија" во Австралија, Канада, САД и Европа има 40 гласила чии содржини вклучуваат културни и историски настани, настојуваат да ги разбудат патриотските чувства кај читателите и, уште поважно, тоа се гледа како еден начин на поддршка на Македонија.

            Публикацијата "Македонскиот иселенички печат  " од Славе Николовски - Катин е прв обид за дело од ваков вид во Македонија и има за цел да пополни голема празнина во историска анализа на печатот на македонските иселеници во Австралија, Канада, САД и европските земји. Оваа публикација, се надеваме, ќе ја збогати литературата за оваа област, која во последните неколку децении е широко развиена кај Македонците во целиот свет.

 
                                                                                                   Проф. Д-р Томе Груевски