![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]()
ПУБЛИКАЦИЈАТА
„МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ – ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА ИСЕЛЕНИЧКА ВИСТИНА
Публикацијата „Македонците во Светот“ од Слааве Катин е
обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во САД,
Канада, Европската Унија и Австралија и да се остави
неизбришлива трага за нивното постоење и активности во државите
во кои несебично ги вградиле своите човечки и интелектуални
способности за развојот на македонската вистина во тие
демократски општества. Делото е отпечатена на 520
страници, на македонски јазик, чии рецензенти се: Д-р.
Лефтер Манче од Канада, Џорџ Атанасоски од САД, Гојко Јаковлески
од Европската Унија и Душан Ристевски од Австралија.
Во делото „Македонците во светот“ авторот Славе Катин открива
еден навидум познат, а, всушност, недоволно осознаен феномен на
Македонците во дијаспората: способноста за нивното брзо
адаптирање и интегрирање во новата средина; изостреното чувство
за прифаќање на новите општествени норми и стандарди и успешното
вклучување во новите економски, социјални културни и други
процеси. Таквиот modus vivendi (начин на живот) им овозможува да
го свртат вниманието на тамошниот естаблишмент врз сопствените
цивилизациски вредности и врз својот автентичен геокултурен
автопортрет, со кој Македонецот е препознатлив, речиси, на сите
меридијани.
Трудот го опфаќа периодот од доаѓањето на доселениците во новите
средини од пред стотина години до денес, што претставува
макотрпна, но и одговорна самоиницијативност да се создаде таква
публикација. Публикацијата го одбележува најважниот период на
активностите на македонските доселеници во новите средини, а со
тоа ја отсликува македонската вистина, закоја иселениците
постојано се борат.
Публикацијата е поделена на девет делови и тоа: Вистината за
Македониа; Македонската православна црква – ОА; Македонското
иселеништво; Црковно-духовни центри во Австралија; Македонски
православни цркви во САД и Канада; Црковно национални центри во
Европската Унија; Медиумите на Македонците во дијаспората;
Македонските асоцијации во светот; Македонците во соседните
земји и делот Додаток.
Публикацијата „Македонците во светот“ на Славе Катин е 58. дело,
почнувајќи од неговото прво издание „Англиско-македонски
лимнолошки речник“, што го издаде Хидробиолошкиот завод од Охрид
во 1986 година, па до денес.Тој е автор на дваесеттина дела со
името Македонија, дваесеттина монографиии за познати и признати
личности во иселеништвото и во Македонија, како и на десеттина
лексикографски изданија
Книгата „Македонците во светот“ на Славе Катин е дело кое
заслужува и внимание и респект, колку од домашната, толку и од
пошироката научно–културна јавност, а и од секој Македонец во
дијаспората и во Татковината . Во овој период и во иднина,
трудот ќе претставува значајна и своeвидна документација за
одбрана на националното, духовното и културното битие на
Македонецот во светот.
|