![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]() Книгата „Печалбарски копнеж“ од публицистот Славе Николовски – Катин на своите страници опфаќа вкупно 44 новинарски и публицистички текстови за нашите сонародници – македонски иселеници во Канада и во Соединетите Американски Држави. Всушност, преку овие свои написи авторот раскажува за своите бројни средби со Македонците во тие две огромни прекуокеански земји. Тие чести средби се резултат на неговите патувања и престои по разни поводи и во подолг временски период, но поголемиот број од овие текстови ги одразуваат најсвежите, неодамнешни контакти, средби и разделби на авторот со македонските иселеници присутни во македонските православни цркви, друштва и друг вид асоцијации во најразлични региони на американските и канадските простори. Сите овие
застапени текстови, земени заедно, може да се третираат и како
една богата, автентична и значајна своевремена хроника на
македонското иселеничко живеење во дијаспората, во случајов во
Канада и САД. По неодамнешната појава на книгата „Во Австралија
како дома“ во издание, исто така, на „Матица Македонска“,
авторот Славе Николовски - Катин, со овој свој нов ракопис,
всушност, ги заокружува своите репортерски записи и кажувања за
печалбарите, а денес и видни граѓани во земјите каде што живеат
и работат во попријатни околности, но со ненамалена желба и
копнеж почесто да се најдат во прегратките на својата прва
Татковина и дедовска земја – Македонија. Проф. д-р Томе Саздов,
Претседател на Матицата на иселениците од Македонија |