![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]()
ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ
Судбината на семејството Видиновски е слична или идентична со
судбините на голем број други иселеници од етничка Македонија.
Во делото тие се претставени како Македонци со својствени одлики
на луѓе, кои колку и да претрпеле удари, и да поминале низ разни
премрежија, бидејќи имале и добри и лоши детски, младешки и
други денови, сепак, тие опстојале и останале доследни како
страдалници, како среќници, како борци за подобро утре
Поетесата Рада Видиновска потекнува од селото Живојно, а е
сопруга на Борче Видиновски кој потекнува од селото Крстоар, кое
е едно од најкарактеристичните места, сместено во падините на
Баба Планина, свртено кон плодната Пелагонија. Тоа село има
прекрасна местоположба и климатски услови за одмор и живеење и
како едно од најблиските населби на Битола, го вбројуваат меѓу
најхристијанските села во тој регион. Крстоар е убаво село кое
пленува со своите стари архитектонски градби, со
дворовите, чардаците, панорамата и живописната околина.
Семејството Видиновски се дел од многуте печалбари од
потпелистерските краишта, за кои судбината била сурова и
оставила вековни последици и лузни врз животот на иселениците.
Во таа печалбарска сага, секако свое посебно место има нивното
родно село Крстоар кое е тесно поврзано со историскиот и
општествениот развој на Македонија и македонскиот народ и со
иселеништвото во целина.
Семејството Видиновски од селото Крстоар ја напуштило својата
родна земја – Македонија од економски причини, а спомените,
мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и
својот народ не ги напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали
во животот на Борис (Борче) и Рада Видиновски, како и сите
Македонци ширум дијаспората, ја откриваат сликата за библиската
природа на земјата на нивното потекло, сместена на балканските
простори.
Дел од животот и делата на Борче и Рада Видиновски е сместен во
монографија насловена „Семејството Видиновски“ што ја подготви
на македонски и на англиски јазик авторот на овие редови, Славе
Николовски-Катин. Монографијата е еден вид
биографско-публицистичко дело и претставува своевидна сага за
жилавоста, макотрпението, упорноста и истрајноста на Борче и
Рада од Крстоар и од Живојно, Битолско.
Монографијата за семејството Видиновски е поделена на неколку
дела. Во нив се претставени неговите две татковини – родната
Македонија и Канада. Првиот дел е насловен „Македонија –
татковината на семејството Видиновски“, во кој се поместени
текстови за Македонија од античко време до денес, за Битола и
битолскиот крај и за слободарскиот дух на тие македонски
простори.
Во вториот дел под наслов „Поетесата Рада Крстевска –
Видиновска“ се дадени текстовите за животната приказна за
поетесата Рада Видиновска, нејзините поетски остварувања од
повеќе од триесет години, како и нејзиниот израз на поетските
чувства на Струшките вечери на поезијата, како и даден е дел од
животната приказна на нејзиниот сопруг Борче Видиновски, како
семеен човек, како бизнисмен, како активист во македонските
асоцијации во Торонто и како скромен поет.
Третиот дел од монографијата „Историското и духовното живеење во
Крстоар“ ги содржи тектовите под наслов „Од Широк Сокак до
манастирот Свети Христофер“ во Крстоар, потоа се поместени
текстови за црквите, манастирите и другите природни знаменитости
во Крстоар, како и посрбрн текст за Буковскиот манастир „Свето
преображение Христово“ кој е сенароден духовен центар.
Во четвртиот дел се поместени текстовите за учителот и големиот
македонски револуционер Ѓорѓи Поп Христов – Крстоарец, кој
оставил вечни траги во националното живеење. Потоа е поместен
текст за војводата Тодор, прадедото на Борче Видиновски кој бил
во четата на Ѓорѓи Сугарев и кој бил единствен преживеан борец
од битката, како и е поместен пригоден текст за борачот –
најсилниот маж, Тодор Јурукот од Крстоар.
Петтиот дел е насловен како „Семејните корени на
фамилијата Видиновски“, во кој се дадени семејните дрва на Борче
и Рада и нивните семејства, потоа е поместен текст за
корените на семејството Видиновски од Нивици, Преспанско до
Крстоар, Битолско, за Егејска Македонија, земјата на корените на
семејствата Видиновски и Крстевски, како и текст за Крстоар како
дел од македонскиот иселенички регион под Пелистер.
Шестиот дел е посветен на родното место на Рада Крстевска
Видиновска, селото Живојно во Мариово, при што се дадени
текстови за историскиот развој, за образовните, за културните
процеси и културните знаменитости, како и биогравски податоци за
познати и признати личности од Живојно.
Седмиот дел под наслов „Канада – Втората татковија на
семејството Видиновски“ содржи пригодни текстови за Торонто, за
активностите на Рада и Борче во Македонската православна црква
„Св. Климент Охридски“, во Организацијата „Обединети Македонци“
и посебен простор е посветен за нивните активности во
Литературното друштво „Браќа Миладиновци“,
Осмиот дел под наслов „Поезијата – дел од животот на Рада
Видиновска“ е посветен на нејзиното учеството на Струшките
вечери на поезијата, со посебна нагласка на добивањето на
престижната награда на Матицата на иселениците од Македонија
„Иселеничка грамота“ што Рада ја доби на 31-те Струшки вечери на
поезијата.
Потоа е поместен текст за Рада Видиновска и усвојувањето на
првото признание „Златен клас за македонски вознес“ на
Пелагониските средби во Новаци и текст за посебното признание од
Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.
Во додатокот е посветен посебен простор на признанијата,
пофалници и дипломи што Рада Видиновска ги добила од голем број
македонски асоцијации во Македонија и во иселеништвото, како и
текстови кои се однесуваат на богатото поетско творештво на
поетесата Рада Видиновска.
|