![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]() Во 1994 годна се навршуваат 50 годни самостоен слободен просветен и културен живот и растеж во Р. Македонија. На 2-то заседание на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година на македонскиот народ во Републиката му се признати правата за нациoнална слобода. На 2 август 1944 година, АСНОМ, на своето прво заседание во манастирот Св. Прохор Пчински прогласи дека македонскиот народ влегува како национално слободен и рамноправен член во рамките на Федеративна Југославија врз принципите поставени на Второто заседание на АВНОЈ
Конституирањето на македонската држава, нација, јазик и организираниот
црковен живот, неминовно значеше асоцијативно и суштинско поврзување со
Кирило - методиевската традиција, со создавачите на старословенскиот јазик,
во чија основа влегоа говорите на македонските Словени од околината на
Солун. Врз база на овој македонски дијалект беше изграден литературниот
старословенски јазик. Кирило - методиевската традиција зафатила благородни и
длабоки корени и во Македонија. Вредните ученици на светите браќа Кирил и
Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна
глаголска традиција, особено кога Климент Охридски во 886 година ги ставил
темелите на Охридската книжевна школа. Оттогаш, низ Македонија струи
Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено
со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893
година. Истата година св. Наум го напуштил бугарскиот црковно - просветен и
книжевен центар во Преслав и го заменил Климента на учителското место во
Охридската школа. Авторите
|