![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]() Публикацијата „Македонски холокауст“ на авторот Славе Николовски - Катин претставува значаен придонес во натамошното проширување на сознанијата за драмата на македонскиот народ и за нејзините режисери, кои што со невидена упорност ја продолжуваа со години, децении и векови и сé уште упорно ја продолжуваат и се надеваат до конечното искоренување на Македонците од нивниот дел на Балканот. Публикацијата „Македонски холокауст“ непосредно и аргументирано ги прикажува животните судбини на Македонците. Во секој презентиран текст читателот го чувствува присуството „на последное целивание“ на Македонецот со родната грутка, со најблиските во родниот крај и со гробовите на починатите. Збогувањето со родната грутка, со најблиските во родниот крај и со гробовите на оние што беа и значеа македонски корен во срцевината на Балканот, потресно и болно се искажува. Никој од насилно отселените од родниот праг не верувал нити пак ќе поверува дека латинската поговорка: „Ibi bene ibi patria“ (Таму каде што ти е убаво, таму ти е и татковината) претставува вистина. Затоа и за на век вака ќе се одгласуваат како вистина испеаните песни: „Бог да бие кој прв спомна Америка“ и „Туѓината пуста да остане“. Оваа публикацијата
и во сегашниот миг на разгорени страсти за господарење со средиштето на
Балканот, а и во иднина, ќе претставува значајна и своевидна документација за
одбрана на националното битие на Македонецот или аргументација за проширување на
сознанијата на општествено -политичката, културната и научната јавност во светот
за македонскиот дел на Балканот. Живко Василевски,
Претседател на Матицата на иселениците од Македонија |