![]() |
![]() |
Биографија Библиографија Избор на трудови публикувани од Славе Катин Симпозиуми, конференции |
![]() Еден од познатите
и признатите македонски иселеници, секако, е Атанас Близнаков. Неговите дела
се добро познати меѓу македонските доселеници и на пошироката македонска
јавност. Тој, всушност, припаѓа на онаа напредна и прогресивна генерација од
првите доселеници на американскиот континент, која далеку од својата родна
земја, со целиот свој живот и со целото свое битие остана трајно врзана со
својот народ. Времето во кое живеел и дејствувал Близнаков во САД е мошне значајно за националната борба на македонските доселеници. Тој има слична, ако не и идентична судбина со голем број македонски афирматори – доселеници кои со макотрпно чекорење низ многубројните животни крстопати ќе го бараат своето нескриено чувство и желба за оддолжување кон сопствениот народ и својата татковина. Затоа, како многумина македонски доселеници на американските простори ќе се бара себеси и ќе го бара своето место во националното осознавање на Македонците во САД во различни периоди на овој век, од ропството и делбите на Македонија па се до формирањето на македонската самостојна и независна држава. Како
резултат на сите тие збиднувања, кои од Балканот се рефлектирале и во САД,
кај Близнаков преовладала желбата и убедувањето да се приклучи кон крилата
на прогресивните и да остане доследен на своите сфаќања до крајот на
животот. Тој во исто време беше државјанин и лојален граѓанин на САД и
почитувач на големите постигнувања во деловноста и прогресот во целина. Формирањето на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ претставува, не само завештание и животна ориентација на познатиот доселеник господинот Атанас Близнаков и на неговиот сопатник Славка, туку и светол пример како една највисока просветна институција во Македонија – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, гради односи со македонското иселеништво, излегувајќи во пресрет на оние истакнати Македонци во светот кои решиле преку донации во науката и културата да го поттикнат вечниот прогрес на својата поранешна и сегашна татковина Македонија.
|