Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   
english

ВОВЕД

          Англискиот и францускиот јазик спаѓаат во групата јазици најчесто нарекувани како "јазици на иднината", зашто се најупотребувани во науката, техниката, културата, дипломатијата и бизнисот. Поради тоа, тие се најизучувани, не само во регионите во кои се најдоминантни, туку и во секоја цивилизирана држава во светот. Не случајно, најголемиот дел од научната и стручната литература, но и од светското книжевно творештво, се објавени токму на овие јазици.

          Речникот во слики - ајде да учиме англиски и француски - е подготвен да пополни една празнина во нашата средина и со својот скромен, но значаен фонд на зборови на овие јазици, да биде достапен за повеќе слоеви на популацијата. Почнувајќи од оние во предучилишното, основното, средното и високото образование, па се до категориите граѓани, вработени или пензионирани, на кои ќе им помогне да ја збогатат својата претстава за светот, преку перманентната комуникација со вредностите што до нас допираат преку електронските медиуми, од разни подрачја на нашата планета.

          Во една ваква популарна верзија, Речникот има функција на почетен.курс за овие светски јазици, зашто преку својот фонд од зборови, сите заинтересирани на кои ќе им се најде во рацете, ќе ги воведе во богатата ризница на англосаксонската култура. Но, и ќе ги мотивира за проширување на своите хоризонти, знаења и информации за разни појави, состојби и настани што секојдневно се случуваат во разни делови на светот. Се разбира, ваквите обиди ќе придонесат и за усовршување на македонскиот јазик и негово збогатување до степен кој овозможува приопштување на повеќеслојните вредности на културите што се создаваат на овие два големи светски јазици. Визуелната компонента на Речникот е најдоб-риот начин за остварување на оваа цел.

          На крајот на Речникот се поместени и индекси на зборовите на македонски – англиски - француски, англиски – македонски - француски и француски – македонски - англиски јазик, кои се дадени според азбучен редослед и по бројот на страниците лесно можат да се пронајдат. Затоа, ќе биде задоволство да се работи со Речникот, да се откриваат нови видици кои нашиот живот ќе го прават поубав и посреќен.


Авторот