Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   
 

ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХАМБУРГ

        Македонскиот клуб "Илинден 1903" во Хамбург, оваа Година ја одбележува дваесетгодишнината од своето основање. Во 1978 Година, беа удрени темелите на институцијата што ја продолжи традицијата и континуитетот на одржувањето на македонскиот национален субјективитет и интегритет. Овој пат во една друга национална средина, во срцето на Европа, во пазувите на еден пријателски народ со долга историја и култура, во  Германија

          Одбележувањето на овој значаен јубилеј е повод да се потсетиме дека се што од Св. Климента до денес е создадено има своја Генеза и свој нераскинлив континуитет. Таа вековна вертикала на Македонците, како еден од најстарите и културно најеманципирани народи на Европа, се прекршува на два битни пункта: националниот и културниот, кои се проникнуваат во сите фази на борбата на Македонците за својот историски опстанок како народ. Тоа се две линии што не се раздвојуваат, две развојни димензии во нераскинлива врска. Овие илинденски вертикали на нашето битисување се во постојан подем.  

       Монографијата за Македонскиот клуб “Илинден 1903”, низ досега остварените активности во неговата временски скромна, но со содржини богато исполнета рамка, ги потврдува токму овие факти за нас Македонците, кои, независно од нашата дестинација на планетата, остануваме она по што сме препознатливи за секоја цивилизација како делови од еден народ со бурна и непокорна историја, на која сме горди. Денес таа не мотивира, низ богатите форми и содржини на нашето делување на овие простори, во развиениот културен систем на Хамбург, да ја зачуваме нашата културна традиција и да го дадеме својот придонес за збогатување на германската културна ризница со нови вредности. Мотивирани од овој факт, во рамките на Клубот успешно функционираат КУД “Црвени каранфили”, Женската, Рецитаторската секција, особено спортските активности, како што се фудбалот, пинг-понгот и шахот, кои ги мотивираат членовите на Клубот, а особено младите, да ги откријат и афирмираат своите творечки афинитети во разни области на културата, уметноста и спортот.


Авторите