Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   
 
 

       На 24 септември 2006 година, во просториите на Македонска православна црква "Св. Богородица" во Детроид, САД, се одржа промоција на монографијата за успешниот бизнисмен Светле СтивСтамевски. Автор на ова двoјазично дело е познатиот и признат истражувач на Македонците во дијаспората, новинарот и публицистот Славе Николовски-Катин, а делото го издаде книгоиздателството Македонска искра од Скопје. Оваа значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид, претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар - Светле(Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ  Буш Јуниор, и на неговото семејство.

       Монографијата за Светле - Стив Стамевски и неговото семејство од Славе Катин, во исто време е и значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и на сегашноста на Македонија и на македонскиот народ, со посебна нагласка на Македонците во САД. Славе Катин, на нему својствен темелен и исцрпен стил, успешно го заврши и ова дело кое значи прилог и има голем придонес во иселеничката книжнина. Книгата е поделена на девет делови. Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на Полошкиот крај и на родното село Одри, Тетовско, на семејството Стамевски, потоа родословието на ова семејство, нивниот историски развој во Македонија и во САД, пријателството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, неговите активности во македонската заедница, особено во Македонската православна црква "Света Богородица" во Детроит и други значајни настани, кои оваа книга ја прават интересна за читање.

       Со оваа "Монографија" Славе Николовски - Катин уште еднаш успеа да оттргне од заборавот и да овековечи дел од животот на македонските иселеници, овој пат преку личноста и делото на познатиот и признат бизнисмен и виден Американец од македонско потекло, Светле - Стив  Стамевски.

 
Бошко Рајчовски-Пелистерски,
 Детроит,