Биографија      Библиографија      Избор на трудови публикувани од Славе Катин     Симпозиуми, конференции
   
 
„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – ДЕЛО ЗА ИСЕЛЕНИЦИТЕ
 
        Обемното дело „Македонски иселенички меридијани“ е плод на повеќегодишни истражувања, патувања и континуирано  следење на оваа доста суптилна, многузначна  и актуелна повеќедецениска и интерконтинентална тема. Делото е еден вид алманах посветен на дел Македонци, чии корени се од сите делови на македонската земја, а кои го обележале своето време во христијанството како религија на Македонците во Австралија, Канада, САД, Европа, етничка Македонија и во печалбарска Преспа.

        По повеќегодишна работа излезе од печат ова книга, која е дел од судбините и вистините на Македонци во светот. Таа е еден вид именик, или  биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на околу 150 личности од македонско потекло, кои свиле нови гнегда на различни страни на светот.

        Инаку, изборот на личностите кои се претставени зависел од нив, од нивните критериуми, пробови, дела и постигнувања. Со оглед на средината за која и се наменети и на очекуваното влијание врз свеста на луѓето во таа средина направив самостоен избор. Второ, тоа што посебно треба да се нагласи за ова дело е фактот дека во него се застапени имињата на дел од голем број живи личности, активни творци, најголем дел од нив родени во Македонија или, пак, дошле да живеат во неа и го посветиле својот труд, талент и љубов, како и личности кои денес не се меѓу живите.

        Со прелистување на страниците на ова дело читателот, макар површно ќе се запознае со нив и нивните  дела, со придонесот што го имаат  во македонското иселеништво, а особено нивниот придонес што го имаат  за Македонската православна црква, Охридската архиепископија, како и на други аспекти врзани со македонскиот народ и на етничка Македонија.
       Отсекогаш на енциклопедиските изданија во светот, или поточно речено, во развиениот свет со долги културни традиции, им се посветувало должно внимание. Нивното значење било и е повеќекратно, бидејќи тоа, меѓу другото се изданија кои на читателот му даваат кратка употреблива информација по обемот и разнородноста на информациите што ги содржат, ја развиваат свеста на еден народ за него и влијаат за консолидација на постигнувањата и развојот.

        Република Македонија и македонскиот народ за својот државен и територијален интегритет и за својата државна и национална самобитност, имаат потреба од оставнините, од вредностите, од тој трезор на незаборавот на времето, да се извлечат и да се афирмираат, или да се потсетиме на голем број патините на времето и од опасноста на заборавот да се извлечат голем број знајни и незнајни личности од дијаспората, кои со својот живот, работа и дело, оставиле белег во нејзината историја, во историјата на трудољубивиот и надарен македонски народ и етничка Македонија.

       Во книгата се објавени имињата на над 150 познати и признати иселеници, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во изградбата на Македонската православна црква од нејзиното конституирање до денес, како и дваесеттина текстови за иселеништвото и МПЦ-ОА. Застапени се академици, научници, писатели, новинари, пиблицисти, донатори, хуманисти, патриоти, носталгичари и вљубеници во Македонија. Нивниот број би можел да биде многу поголем. Тоа во случајот не е толку битно, туку битно е што овој импозантен број имиња, значајни за нашата национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, го прикажува македонското иселеништвото во минатото и сегашноста.

       Бројноста на имињата на луѓето објавени на страниците на ова дело покажува дека тие себеси се вградија во темелите во историјата на македонското иселеништво и на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, на нивните црковно-духовни и национални центри, како што се црковните општини, манастири, фолклорни, литературни, научни и друг вид  друштва и асицијации.

       Делото е поделено на осум поглавја и тоа на: делови во кои се опфатени личности кои се дел од вистината за христијанството во Македонија, потоа на личности кои се дел од македонската вистина во дијаспората - во Австралија, Канада, САД, Европа, етничка Македонија, печалбарска Преспа и Додаток         Или поконкретно, во првиот дел се дадени текстови за 13 личности кои се дел од вистината за ширење на христијанството во Македонија и во дијаспората, за христијанството како религија на Македонците насекаде во светот, за апостол Павле кој го раширил христијанството преку Македонија во Европа,меѓу кои за: солунските  браќа светите Кирил и Методиј и нивното дело, за свети Климент и свети Наум Охридски, за Македонската православна црква, Охридска архиепископија, за архимандритот хаџи Павел Граматиков, за Метеорите, за света Мајка Тереза и нејзиното дело од Македонија до Индија, архиепископите Доситеј, Михаил и Стефан, за митрополитите Кирил и Методиј, за 40-годишниот јубилеј на Американско-канадско-македонската епархија, за свештениците Кирил Стојановски, Атанас Попов и Илија Донев, за судбината и делото на архимандритот Никодин Царкњас и за авторовите дела поврзани со религијата.

       Во  вториот дел се говори за Македонците на петтиот континент и за Австралиско-македонската црковна епархија, како и за 21 личност. Посебно место е посветено за д-р Реџинал де Бреј, угледниот славист, поет, преведувач и светски научник којбеше вљубеник во македонскиот јазик и во Македонија.  Тој беше составувач на новиот македонско-англиски толковен речник, беше член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот национален универзитет во Канбера.
        Во третиот дел е дадена  вистината за Македонците во демократска и мултикултурна Канада и за „Обединети Македонци“, првата македонска организација. Во делот за личностите се презентирани пригодни текстови за 32 личности од етничка Македонија.
Посебен простор во овој дел е даден на личностите кои се вградиле во историскиот развој на првата македонска православна црква во Канада, соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

        Во годините што изминаа, од формирањето на МПЦ „Св. Климент Охридски“ до денес, таа стана втор дом за многу македонски доселеници. Во Црквата членуваат, помагаат и даруваат бројни ентузијасти, од кои голем дел не сакаат да им се спомене дури ни името, а работат и придонесуваат со силна љубов и жар. Тоа го прават заради вербата во она што го даваат, а тоа е за доброто на сите. кои со гордо кренати глави и полни срца, со силен восхит зборуваат и раскажуваат за патот по кој тргна Македонецот за да стаса денес до вакви ационални зданија и до толку импозантни постигнувања.

Во делот за личностите, меѓу другите, се презентирани пригодни текстови за: Филип Ангелковски, Џон (Лазо) Битов, за Георги (Џорџ) Бранов, Георги Даневски, Маја  Доневска–Ивановска, за Том Јанев – поборник за вистината на Античка Македонија и за  семејството Јановски и други.

        Посебен простор е посветен на Лефтер Манче, естетскиот хирург од светски глас, на Џим (Митре) Николов и фолклорната група „Селани“, за Алек Петличков и ансамблот „Македонка“, за Ван Петров, Стив Пљакас, Спиро Сандерс, Стив Ставро–Дикло,  Ристо Стефов, д-р Борис Стојчев, како и за Фото Томев, Алек Џигеров, и професор Џеимс (Џим) Џуглов.

        Четвртиот дел е посветен на текстови за судбината на Македонците во Соединетите Амеркански Држави и нивните активности пред Втората светска војна.

          Денес македонските доселеници во Соединетите Американски Држави со гордост ја истакнуваат својата национална и културна македонска припадност. Тие со голем ентузијазам и полет ги негуваат своите народни традиции; го презентираат својот богат фолклор, потоа на јавни места ги пеат своите народни песни и ги играат убавите македонски ора. Всушност, Македонците во САД го афирмираат македонското име, културно-историското минато и сегашноста на етничка Македонија, а во исто време се дел на американското општество.
        
          Во овој дел е даден простор за фондациите „Атанас Близнакоф” и „Петар Стаматов“ за стипендирање студенти од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, за Фондацијатан „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“ во Прилеп, потоа за организациите „Светски македонски конгрес“,„Македонија 2025“ и за „Обединетата македонска дијаспора“, како и 20 личности кои биле и се дел од животот на Македонците во Соединетите Американски Држави.

        Исто така,во овој дел, меѓу другите  е застапен Мајк Зафировски, научник и претседател на „Македонија 2025“, организација која е основана во 2007 година во Краун Поинт, Индијана, а канцеларијата во Скопје е отворена во 2011 година. Оваа организација има за цел да го поттикнува економскиот развој и привлекувањето на странските инвеститори во Македонија.

        Претставена е и „Обединета македонска дијаспора“(ОМД), која се смета за водечка меѓународна организација која ги застапува интересите и потребите на Македонците кои живеат надвор од Македонија - ширум светот. Од формирањето во 2004 година до денес таа има постигнато завидни резултати.

        Исто така, (во овој дел) се застапени и Антон Димитров, Методија (Мето) Колоски, д-р Ферид Мурад, Душко Синадиновски, д-р Леон Сперов, Јосиф Грежловски-Гандето, Алексо Трајков, Светле (Стив) Стамевски, Борис Ничов и други.

        Во петтиот дел се поместени материјали за Македонците на времено (постојано) вработувањето во европските земји и за делот од активностите на македонската политичка емиграција. Потоа се дадени текстови за: 15 познати и признати личноси од Европа.

        Во ова поглавје се поместени материјали за Драган Богдановски, основоположникот на ДПМНЕ и за Гоце Македонски (Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин), како и за Маноил (Мане) Јаковлески и неговиот портал „Македонска нација“, еден од најчитаните во иселеништвото. Потоа се дадени текстови за: Драшко Антов, Мустафа Берекетли, Исмаил Бојда, Владимир Рарев, д-р Никола Гроздановски, д-р. Игор Јанев и Славе Кати. Посебен простор е посветен на академиците Ристо Василевски, Богомил Карлаварис, Синиша Станковиќ и Антоније Шкокљев-Дончо.

        Во шестиот дел се презентирани 31 автор на различни дела, бизнисмени, новинари, публицисти, доктори на науки, акадамици и други, кои, покрај тоа што даваат или дале голем придонес на сите полиња на општественото, културното, црковното и друго живеење, тие имаат тесна врска со македонското иселеништво насекаде по светот. Исто така, во овој дел е даден одреден број личности од сите делови на Македонија. 
Во овој дел се дадени текстови за: Христо Андоновски, Ристо Гуштеров - големиот донатор на Македонската православна црква, за академиците Жан Митрев, Владо Камбовски и Блаже Ристовски, за бизнисмените Силјан Мицевски, Трифун Костовски, Благој Механџиски-Зегин, Тодор Петров и Светскиот македонски конгрес, за Есма Реџепова–Теодосиевска – втората Мајка Тереза, за Стерјо Спасе и Богоја Фотев, како и за д-р Вера Стојчевска-Антиќ, д-р Виолета Ачкоска, д-р Цане Мојаноски, Димитар Керамичиев, Фиданка Танаскова, Раде Сиљан, Стефан Влахов-Мицов, Коле Манев,Стојко Стојков, Паскал Гилевски и многу други.

        Во седмиот дел се даде текстови за: Печалбарска Преспа и дел од нејзините значајни  личности, Преспа како престолнина на цар Самоил, за Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново и други споменици на културата, како и 18 познати личности чии корени се од преспанскиот крај. Меѓу нив има академици, амбасадори, писатели, новинари, и со други занимања кои оставиле длабоки траги во севкупното живеење во Преспа и пошироко во Македонија и светот.

       Посебно место е посветено на Преспанци како што се: Митрполитот Кирил, градоначалниците на Ресен и Пустец, д-р.Ѓоко Стрезовски и Едмонд Темелко, на писателите Мето Јовановски, Метофија Фотев и Славе Катин, на проф. д-р Петре Георгиевски – познатиот социолог, на проф. Д-р Никола Јанкуловски ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, амбасадорите Ристо Никовски кој е гласноговорникот за Македонија и Петре Наковски, Панде Колемишевски, бранителот на новинарската фела и други творци и борци.

       Во Додатокот, пак,  е даден се дадени текстови за иселувањето и иселеничката судбина на Македонците од етничка Македонија, текст на англиски јазик за судбината и вистината за Македонсците во светотот, како и заклучоци на германски, француски, руски и српски јазик, со цел да се запознаат и другите читатели со содржината на делото „Македонски иселенички меридијани.


Славе Катин